Процедура за возила увезени од Соединетите Американски Држави.
Согласно измените на правилникот за единечно одобрување (Сл. весник бр. 13/2011), за возила увезени од САД, покрај сообраќајна дозвола и доказ за платени царински давачки, потребно е да се достави и извод од United States Environmental Protection Agency (EPA) од кој се гледа дека возилото го задоволува американскиот стандард за емисија Tier 2. Сите вакви возила треба да бидат произведени во САД.
Контактирајте нѐ за целосна постапка на одобрување.
Обратете се во станицата каде што ќе ја користите услугата — таму се инженерите што работат на вашиот предмет.