Техничка служба

ТЕУВ — техничко-експлоатациони услови

Потврда потребна за лиценца за вршење јавен превоз на патници и стока.

Потврдата за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови е потребна за добивање на лиценца за вршење на јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај. Со неа се потврдува дека возилото е спремно за сообраќај во јавниот превоз кој се остварува заради некаква стопанска дејност. На ваква проверка подлежат товарните возила, приклучните возила, возилата за јавен транспорт на патници, како и такси возилата. Секако, сите овие возила доколку се користат за сопствен некомерцијален превоз, исто така се подлежни на преглед за издавање на Потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови.

Патничките моторни возила наменети за авто-такси превоз на патници, покрај општите услови и стандарди, треба да ги исполнуваат и прописите кои важат за издавање на лиценца за такси возила, како баждарен фискален таксиметар, натписи и предупредувања, идентификациона картичка на возачот, волумен на багажен простор и слично.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.

Кои возила подлежат

  • Товарни возила
  • Приклучни возила
  • Возила за јавен транспорт на патници
  • Такси возила
  • Возила за сопствен некомерцијален превоз

Дополнително за такси возила

  • Баждарен фискален таксиметар
  • Натписи и предупредувања
  • Идентификациона картичка на возачот
  • Волумен на багажен простор

Ви треба ТЕУВ потврда?

Закажете преглед во некоја од нашите станици.