Хомологација

Постапка за идентификација на возило

Спроведување при увоз на нови или половни возила за одредени категории, согласно чл. 24 од Законот за возила.

Постапката започнува со барање поднесено кај Органот за одобрување (Бирото за метрологија на РМ). По утврдување на статусот на увозникот, се издава упат до техничката служба, каде се врши идентификација на возилото и се издава Согласност за регистрација. Потоа возилото продолжува на технички преглед и регистрација.

Потребни документи

  • Потврда со упат за отворање на постапка за Идентификација издадена од Органот за одобрување
  • Странска сообраќајна дозвола
  • Потврда за платени царински давачки
  • Дополнителна документација која би била од корист при утврдување на техничките податоци на возилото

Имате прашање за идентификација?

Контактирајте ја нашата техничка служба.