Дополнително вградени уреди и опрема кои бараат стручна проверка и одобрување.
Инспекција на возила кај кои се извршени преправки од помал обем. Во оваа група спаѓаат дополнително вградени уреди и опрема кои бараат стручна проверка и одобрување.
Во оваа постапка се инспектираат возила кај кои е дополнително вграден уред за погон на компримиран земјен гас (КЗГ). При тоа се врши инспекција на вградените компоненти од уредот, и тоа: начинот на нивно поставување, адекватноста со возилото во кое е вграден уредот, исправно функционирање и слично.
Во оваа постапка се инспектираат возила кај кои е дополнително вграден уред за погон на течен/втечнет нафтен гас (ТНГ). При тоа се врши инспекција на вградените компоненти од уредот, и тоа: начинот на нивно поставување, адекватноста со возилото во кое е вграден уредот, исправно функционирање и слично.
За потреби на влечење на приклучно возило, кај возилата често пати се појавува потреба од дополнително вградување на влечен уред (кука) на возилото. При тоа е најбитно влечниот уред (кука) да биде од одобрен тип и наменет за предметното возило. Исто така е битно при набавката на влечниот уред да се обезбеди и документ за одобрување на влечниот уред. Најбитно од сè е влечниот уред да биде наменет за возилото на кое се вградува, а не да е најевтиниот кој може да се најде на пазарот.
За заштита од сончевите зраци понекогаш сопствениците на возилата вградуваат затемнувачки клима фолии на своите автомобили. Битно е да знаат дека за ова постои законски пропис кој пропишува какви фолии, со колкав степен на пропустливост на светлина и на кои стакла од возилото можат да бидат поставени затемнувачките клима фолии. При инспекција на возило со вградени затемнувачки клима фолии, ова се битните детали кои се проверуваат и потврдуваат.
Консултирајте се со експерт ПРЕД да ја извршите — за да избегнете непотребни трошоци.
Обратете се во станицата каде што ќе ја користите услугата — таму се инженерите што работат на вашиот предмет.