Хомологација

Единечно одобрување на возила

Постапка за нови или половни возила за прв пат увезени во Република Македонија.

Постапката за единечно одобрување се спроведува за сите нови или половни возила за прв пат увезени во Република Македонија, за кои досега не е издадено типско одобрение од Бирото за метрологија. Низ практична проверка се утврдува дали возилото е во истата состојба како при излегување од фабриката и дали ги исполнува сите технички барања.

По извршениот преглед, техничката служба изготвува технички извештај врз основа на кој Бирото за метрологија издава единечно одобрение. Потоа техничката служба издава Потврда за сообразност, со која возилото се упатува на технички преглед и регистрација.

Потребни документи

  • Странска сообраќајна дозвола
  • Доказ за платени царински давачки
  • Потврда за техничките карактеристики на возилото

Започнете ја постапката

Нашата техничка служба ќе ве води низ единечното одобрување.