Техничка служба

А-Тест

Услуги на техничката служба на ПСС за преправки на моторни возила и одобрување на дополнително вградени уреди.

Што опфаќа А-Тест

Преправки и дополнителни уреди

Преправки на возила

  • Надградена каросерија — преправка од еден во друг вид (на пр. товарно во патничко, отворено во затворено)
  • Реконструирана каросерија во однос на димензии, конструкција или материјали
  • Променета кабина со кабина од друга изведба или реконструирана кабина
  • Променет број на седишта или насока на поставеност на седиштата
  • Промена на самоносечката каросерија, односно носечката рамка
  • Преправен издувен систем
  • Преправени или дополнително вградени уреди за осветлување и сигнализација
  • Променети димензии во однос на матичната изведба

Дополнително вградени уреди

  • Уред за погон на компримиран или течен нафтен гас (LPG и CNG)
  • Заштитни фолии и затемнети стакла
  • Дополнителни команди за лица со посебни потреби
  • Паралелни команди за возила за обука на возачи
  • Приклучен уред за спојување на влечно со приклучно возило
  • Дигалка, пумпа, платформа за натовар/растовар, влечно витло
  • Разладен уред (ладилник)
  • Резервоар за погонско гориво
  • Уред за чистење снег/земја, расфрлување сол/песок
  • Држачи за резервно тркало и штитници/брисачи за светла

Потребна ви е А-Тест проверка?

Контактирајте ја нашата техничка служба за термин и детали.