Power Sport System - Техничка Служба

Пауер Спорт систем (ПСС) на 29.04.2010 година, ја доби акредитацијата за првата акредитирана Техничка служба во Република Македонија. Според законот за возила техничка служба е правно лице овластено од министерот за економија на предлог на органот за одобрување согласно со одредбите од законот за возила и прописите донесени врз основа на истиот закон, со својство на испитна лабараторија за спроведување на испитувањата, или со својство на тело за оцена на сообразност за почетни процени и испитувања и/или за инспекција.

Воедно Пауер Спорт Систем (ПСС) е една од двете први станици за технички преглед во Република Македонија која доби решение за вршење на прегледи во постапка за Идентификација и Идентификација и оцена на техничката состојба на возилата. Со ова Пауер Спорт Систем е носител на примената на законот за возила донесен на 06 Ноември 2008 (Сл. Весник бр.140/2008 ) и на подзаконските акти произлезени од овој закон.