Power Sport System - Идентификација и Оцена на Техничката Состојба

Согласно законот за возила како и правилникот за Идентификација и Идентификација и оцена на техничката состојба на возилата, за возило кое е типски одобрено во Република МАкедонија односно кое има потврда за одобрен тип во Европа во согласност со хармонизираните европски прописи, нема потреба од понатамошно одобрување на типот. Во овој случај за ваквите возила се врши Идентификација со веќе одобрениот тип и воедно се потврдува сегашната техничка состојба на возилото  дека одговара со онаа која е одобрена во одобрениот тип на возилото.

Многу битно е да се напомене дека за утврдување на тоа дали типот е одобрен во Република Македонија или во Европската Унија според хармонизираните европски прописи, валидни се следниве документи:

  • Потврда издадена од Органот за одобрување (Бирото за Метрологија на РМ) со наведен деловоден број, датум на издавање како и органот кој го издал, дека предметното возило е со одобрен тип во Република Македонија, или
  • Потврда издадена од овластениот претставник на прозиводителот во Република МАкедонија на која јасно ќе биде наведено дека типот на возилото е од одобрен тип во Република МАкедонија со наведен деловоден број и датум на издавање на типското одобрение како и органот кој го издал, или
  • Потврда од производителот со која се потврдува дека предметното возило е од одобрен тип според хармонизираните европски прописи со јасно наведен број на типското одбрение, датум и место на издавање и потпис од одговорното лице на производителот

Во понатамошниот развој на постапките за Идентификација и Идентификација и оцена на техничката состојба на возилата, а во склад со стремежите на Република МАкедонија за полноправно членство во европската Унија, во Законот за Возила и Правилникот за Идентификација и Идентификација и оцена на техничката состојба на возилата, предвидено е да се изработи и пушти во употреба единствен регистар на возила во кој јасно ќе биде означено кои возила се типски одобрени и кои од нив ќе можат да бидат предмет на оваа постапка.

За спроведување на оваа постапка потребни се следниве документи:

  • Странска сообраќајна дозвола,
  • Доказ за платени царински давачки,
  • Потврда со која се потврдува дека возилото е од одобрен тип во РМ издадена од Бирото за Метрологија на РМ или од овластениот застапник на производителот во РМ, или потврда од производителот на возилото со која се потврдува дека возилото е од одобрен тип според хармонизираните европски прописи со јасно наведен европски број на одобрението, датум и потпис од овластен потписник на производителот.

Странската сообраќајна дозвола е документот со кој возилото е користено во сообраќајот во земјата од каде доаѓа, доказ за платени царински давачки е најчесто царинската декларација на која се впичани сите царински броеви и датуми. Посебно интересна во овој контекст е потврдата за технички карактеристики за возилото која недвосмислено треба да носи информација дека типот на возилото е одобрен. Сите приложени потврди за технички карактеристики на возилото кои јасно и недвосмислено не потврдуваат дека типот на возилото е одобрен не може да се користат во оваа постапка.

По прегледот на возилото и оцена на техничката состојба за возилото техничката служба издава согласност за регистрација со што возилото продолжува на технички преглед и регистрација.

 

COC VW 1

COC VW 2

Потврда МК импортер со одобрение тип 1

Потврда МК импортер со одобрение тип 2

Согласност за регистрација