Power Sport System - Единечно Одобрување на Возила

Постапката за единечно одобрување на возило се спроведува за сите нови или половни возила за прв пат увезени во Република Македонија а за кои досега не е издадено типско одобрение од органот за одобрување на Република Македонија, односно од Бирото за Метрологија на Република Македонија.

При ова постапка низ практична проверка на возилото се утврдува дали возилото во моментот на увоз, односно преглед е во истата состојба во која било при излегување од фабриката. Ова значи дека треба да се утврди дали возилото во моментов ги исполнува сите технички барања и услови кои ги исполнувало кога ја напуштило фабриката. При тоа е потребно за возилото да се достави документ од кој јасно ке се види кои стандарди треба да ги исполни возилото, односно кои стандарди возилото ги исполнувало со оодбрениот тип. При постапката за единечно одобрување на возилото потребно е да се приложат копии од следниве документи за возилото од оригиналите кои се доставуват на увид:

  • Странска сообраќајна дозвола,
  • Доказ за платени царински давачки,
  • Потврда за техничките карактеристики на возилото.

Странската сообраќајна дозвола е документот со кој возилото е користено во сообраќајот во земјата од каде доаѓа, доказ за платени царински давачки е најчесто царинската декларација на која се впишани сите царински броеви и датуми. Посебно интересна во овој контекст е потврдата за технички карактеристики за возилото која начелно може да биде од повеќе извори кои се прифатени од органот за одобрување (Бирото за метрологија). Во овој момент извори прифатливи за Бирото за метрологија се следниве: производителот на возилото, Овластен претставник, застапник или импортер на возилата од тој производител во Република Македонија или независна институција која е во состојба да даде потврда за техничките карактеристики (во моментов тоа e TUV Munchen и TUV Rheinland).

По изврениот преглед согласно законските одредби техничката служба изготвува технички извештај врз основ на кој Органот за одобрување (Бирото за метрологија) издава единечно одобрение за прегледано возило во постапката за единечно одобрување на возило.

По издавањето на единечното одобрение техничката служба издава Потврда за сообразност со која возилото се упатува на технички преглед и регистрација.

Единечно одобреније

ЕПА Сертификат

Потврда за сообразност

USA Собраќајна