Power Sport System - Сертифицирање за Авто-Такси Возач

ПСС ЕДУКАЦИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ од страна на Градоначалникот на Град Скопје а врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа, а во врска со член 8-з од Законот за превоз во патниот сообрачај ( "Службен весник на РМ" со бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13 и 42/14) доби РЕШЕНИЕ со кое се дава ОВЛАСТУВАЊЕ за стручно оспособување на кандидати за добивање на Сертификат за авто такси возач.

Сите информации за реализација на обуката и испитите за добивање на сертификатот за авто такси возач, може да ги добиете на следниве телефонски броеви : 02/2673-600, моб.; 078-255-306 , на бесплатниот тел.бр. 15-800 или во објектите на ПСС

  • СТП ПСС ул.Зајчев Рид - ул. Скупи бр. 18, тел. 02/306 99 99
  • СТП ПСС УСЈЕ - ул. Борис Трајковски бр. 143, 02/274 49 49 факс. 02/2447-000
  • СТП ПСС Пинтија - ул. Борис Трајковски бр. 166, 02/2771-000 факс. 02/2772-000

Посакуваме успешна соработка!