За нас

Добредојдовте

POWER SPORT SYSTEM - ЗА НАС

Power Sport System е прва приватна станица за технички преглед и регистрација на моторни возила во Република Македонија. Станицата ги исполнува сите национални и меѓународни стандарди за вршење на дејноста: контрола, технички преглед и регистрација на моторни возила. Покрај овие услуги, станицата нуди и голем број на други услуги, редовни при регистрација на вашето возило, а истовремено вклучувајќи и дополнителни услуги за кои можете повеќе да се информирате преку нашата веб-страница.

Power Sport System започна со официјално функционирање на 14.06.2007 година со комплетна професионалност и беспрекорност, подготвена да ги задоволи вашите барања и потреби. Станицата е составена од млад тим на професионалци кои со својата целосна компетентност во секој момент се подготвени да одговорат на вашите потреби.


Приматот и целта на персоналот е да ги исполни сите ваши желби, нормално во рамките на дејноста во која е вклучена станицата Power Sport System.