Power Sport System - За Нас

Power Sport System е прва приватна станица за технички преглед и регистрација на моторни возила во Република Македонија. Станицата ги исполнува сите национални и меѓународни стандарди за вршење на дејноста: контрола, технички преглед и регистрација на моторни возила. Покрај овие услуги, станицата нуди и голем број на други услуги, редовни при регистрација на вашето возило, а истовремено вклучувајќи и дополнителни услуги за кои можете повеќе да се информирате преку нашата веб-страница. 

Power Sport System започна со официјално функционирање на 14.06.2007 година со комплетна професионалност и беспрекорност, подготвена да ги задоволи вашите барања и потреби. Станицата е составена од млад тим на професионалци кои со својата целосна компетентност во секој момент се подготвени да одговорат на вашите потреби.Приматот и целта на персоналот е да ги исполни сите ваши желби, нормално во рамките на дејноста во која е вклучена станицата Power Sport System.

Главен стремеж на Power Sport System е да изгради пријателска атмосфера и блиска соработка со секој од нашите клиенти. Се надеваме дека ќе бидете комплетно задоволни од понудената услуга, и за било каква помош повторно ќе се обратите на нашиот тим.

Искрено Ваш, 

Power Sport System